Стрес, анксиозност или нервоза – како да ги разликувате овие три состојби?

Сподели со своите пријатели

Анксиозноста, стресот и нервозата се состојби кои имаат многу заедничко, но и се разликуваат. Прво е важно да се напомене дека анксиозноста е вид пореметување кое може да се дијагностицира врз основа на различни симптоми. Тоа се забележува во долг рок. Притоа тежнееме да се грижиме, без да има реална закана.

Loading...

Карактеристичните знаци на анксиозност вклучуваат: чувство на паника, страв и вознемиреност; проблеми со спиењето; ладни или испотени дланки; диспнеа; сува уста; гадење; вртоглавица.

 

 

Од друга страна, стресот и нервозата не се дијагностицираат и се со поголема веројатност да ни влијаат на краток рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци на недостаток на железо! Зошто оваа супстанца е толку важна?

Дефиницијата за стрес може да доведе до конфузија, бидејќи за еден дел од нас стресот е судирот со ситуации, како на пример во сообраќаен метеж, вжештени спорови со некого или кога сме притиснати од рокови на работното место. Останатите гледаат на стресот како она што се случува во нас за време на овие ситуации.

Нервоза е нешто што го чувствуваме привремено. Типичен пример се моментите пред интервјуто за работа, пред презентација или говор. Нервозата обично исчезнува по некое време, стресот доаѓа и си оди речиси по случаен избор во одговор на различни искуства.

Loading...

 

 

Анксиозноста ја чувствуваме за подолг временски период и за разлика од стресот, оваа состојба не настанува како одговор на одредено искуство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијте го овој напиток четири дена и изгубете 10 сантиметри во срукот

И покрај своите разлики, и трите состојби се раѓаат на истото место во организмот. Хипоталамусот хипофизата и надбубрежните жлезди ги активираат чувството на анксиозност, стресот и нервоза.