Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО

Сподели со своите пријатели

Синоќа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика да се земат предвид резервите на Турција во однос на влезот на Финска и Шведска во одбранбената алијанса.

Loading...

– Турција е почитуван сојузник и неопходно е да се одговори на сите безбедносни проблеми, напиша вчера Столтенберг на Твитер по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Мораме да застанеме заедно во овој историски момент“, додаде тој.

Шведска и Финска најавија дека ќе аплицираат за членство во НАТО за неколку дена, поттикнати од промената на геополитичката клима во Европа по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари.

 

Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)

 

– Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува РИА Новости.

Loading...

Тој повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, вклучително и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Турција и курдската милиција ЈПГ во Сирија.

Ердоган претходно изјави дека „скандинавските земји се рај за терористичките организации“.

За време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин во неделата, Чавушоглу осуди неколку земји-членки на НАТО за ограничување на извозот на оружје во Турција поради нејзината борба против тие групи.

Не е сосема јасно што ќе ја спречи Турција да стави вето на членството на Финска и Шведска во НАТО, но дипломатите веруваат дека изјавите на тие земји за борбата против тероризмот и извозот на оружје може да одиграат важна улога.