Статистика за КК Куманово за првиот дел од сезоната: Младеновиќ како „мотор“, Јанески, Марковски и Атанасов дел од „машинеријата“

Сподели со своите пријатели

И по се, добро е… Вака некако во една реченица, би можело да се опишат оние 11.средби кои кошаркарите на Куманово 2009 ги одиграа во досегашниот дел од шампионатот.

Loading...

Ефектот од седум победи и четири порази треба да е задоволителен за сите во и околу тимот, иако, како што тоа обично се вели, со една победа плус, работите ќе беа малку поразлични.

https://www.instagram.com/p/B5ybeEEJHbQ/

Но, како и да е, Куманово 2009 останува во оној средишен дел од табелата, со интенција тука да биде и во продолжението на натпреварите.

Статистички гледано, петмина кошаркари кои имаа и најголема минутажа, реализираа најмалку десет поени.

Најмногу, по 16.3 во просек, дојдоа од капитенот, Марјан Јанески, нешто помалку, по 14.3 реализираа Марјан Младеновиќ и Давид Миладиновиќ (веќе не е дел од тимот), а во рубриката „двоцифрени“ се „сместија“ и Теодор Атанасов (12.7) и Горјан Марковски (12.5).

https://www.instagram.com/p/B5yZ4x_JeEY/

Јанески е и најдобриот скокач во овој состав на Куманово 2009, има просечни 7.6 скока по меч, нешто повеќе во однос на Миладиновиќ (7.2) и Атанасов со (5.7).

Убедливо најсилен впечаток носат оние 10.6 асистенции кои ги реализираше Марјан Младеновиќ. Кошаркарот кој за жал во вториот дел од сезоната ќе игра за друг клуб, беше вистински „мотор“ на оваа екипа на Куманово 2009. Особено ако се знае дека има и по 4.5 скока, а важи како организатор на играта на „сино-белите“.  

https://www.instagram.com/p/B5yWNtZJZ91/

Младеновиќ е и најдобриот реализатор на „пеналите“, погодува со 81.4% на точност. Пред Марковски со 78.6% и Јанески кој има 69.4%.

Loading...

Од активните, Атанасов е играчот со најдобра реализација во шутот од поле (69%), Марковски погодува со 58.8%, а Младеновиќ со 50.9%.

Од линијата за три поени, најуспешен е младиот Лука Петровски со 54.5%, пред уште еден млад кошаркар, Филип Стојановски кој е на половичен ефект од 50%, и далеку поискусниот, Јанески со 39%.

https://www.instagram.com/p/B5yVYH2JCCj/

Куманово 2009 досега настапи со 13.кошаркари, а најголем број на минути доби трилингот Јанески-Марковски-Младеновиќ (сите со повеќе од 30.минути по меч).

На 11.средби во просек кумановци реализирале по 80.2 поени, 31.1 скок, и 20.2 асистенции, плус и 15.5 загубени, 7.2 освоени топки, и 1.5 блокади по натпревар.

https://www.instagram.com/p/B5yQ4KqJxHM/

Сето тоа со процент на реализација од 70.1% од линијата за слободни фрлања, 56.3% за два и 36.2% во шутот за три поени.

Leave a Reply