Иако многумина мислат дека ова е всушност само мит, научниците сега го потврдија фактот дека стапалата на жената навистина растат за време на бременоста.
И тоа не е се, кај повеќето од нив стапалото никогаш не се враќа на претходната должина.
Ова не им се случува на сите трудници, но на повеќето им се случува.
Зошто стапалата растат за време на бременоста?
Како што објави The Bump, стапалата можат да растат од неколку различни причини.
Како прво, стапалото се состои од околу 20 коски и повеќе од 30 зглобови кои се поврзани со лигаменти.
За време на бременоста, лигаментите низ вашето тело се опуштаат или олабавуваат, што е начин на кој вашето тело ги подготвува карличните зглобови за породување, а се верува дека флуктуирачките нивоа на хормоните се она што го предизвикува тоа, објаснуваат лекарите.
Зголемувањето на тежината придонесува и за растот на стапалата. За време на бременоста, кога телото има поголема тежина, стапалата се под поголем стрес, што може да предизвика проширување на зглобовите.
И отокот на нозете може да биде фактор за зголемување на бројот на стапалата.
Како што објаснуваат научниците, стапалата може да се зголемат за цел број во текот на бременоста, а тоа, се чини, би можело да биде трајна промена.
Имено, истражувачите ги тестирале промените на стапалата на голем број трудници, за време на нивната бременост, по породувањето, па дури и една година по породувањето.
Во најновото истражување, чии резултати беа објавени во American Journal of Physical Medicine & Rehabilitation, откриено е дека растот на стапалата е всушност трајна промена.