Средба Османи – Ауреску: Стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е правичен, заслужен и неопходен

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес беше домаќин на министерот за надворешни работи на Романија Богдан Ауреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Loading...

Една од централните теми на разговорите беше руската воена агресија во Украина и севкупните импликации на овој чин врз стабилноста и безбедноста на европскиот континент, вклучително и регионот на Балканот.

„Како земја – кандидат, Република Северна Македонија во целост, или попрецизно 100%, е придружена кон Заедничката Надворешна и Безбедносна политика на Унијата, вклучувајќи ги тука и сите мерки и санкции кои Унијата ги наметнува кон Русија. Заедно со Албанија и Црна Гора, кои исто така имаат 100% усогласеност по ова прашање со Унијата, се создава едно европско трио на земји на Балканот, кои во целост ја спроведуваат европската меѓународна Агенда“, изјави Османи, посочувајќи на важноста од прoцесот на европските интеграции на регионот, дополнително предизвикан од безбедносна закана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

„Стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија не само што е правичен, заслужен, туку во моментов преставува и потребен или неопходен чекор во насока на засилената улога на регионот во безбедносната архитектура на континентот“, посочи Османи.

Министерот изрази благодарност кон Романија, за пружената помош при извлекувањето на нашите државјани од Украина: од користењето на безбедносните транспортни коридори, па се до можноста да ги користиме конзуларни претставништва на Романија во југо-западниот дел на Украина, од каде нашите дипломати и конзуларци ги извлекуваа нашите граѓани.

За позитивната динамика во билатералните односи, зборува и потпишувањето на два меѓународни документи, со кои дополнително се збогатува договорната состојба меѓу двете држави – Административна спогодба за примена на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Северна Македонија и Романија и Меморандумот за разбирање помеѓу Министерствата за надворешни работи за соработка во дипломатските обуки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Во рамките на посетата, министерот Ауреску ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а ќе оствари средба и со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.