Во пресрет на новата спортска сезона која треба да започне овој месец, спортската сала во Куманово остана без електрична енергија откако ЕВН Македонија одлучи да ги исклучи од мрежата поради големиот долг што го имаат.
По тој повод денеска пред спортската сала прес одржа претседателот на општинскиот сојуз на спортови, Сашо Петрушевски кој во присуство со кошаркарите, ракометарите и сите спортисти кои ја користат оваа сала за тренинг и натпревари испрати апел да се изнајде решение да се приклучи електричната енергија повторно, за да може новата сезона да започне непречено.
Петрушевски не сакаше да ја потенцира висината на долгот, но истакна дека доколку во разрешувањ ена проблемот се вклучат сите релевантни страни овој проблем за краток период може да биде решен.