СОВЕТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Како да не ви замрзнете автомобилот во текот на ноќта!

Сподели со своите пријатели

Не чекајте до утрото за да се справите со замрзнат автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен само ако однапред внимавате на некои работи и направите одредени потези кои ќе го спречат тоа!

Loading...

Изберете исток

Ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел на исток. Така, првите зраци на утринското сонце полека ќе го стопат мразот на шофершајбната.

Течност за одмрзнување стакло

Направете стаклена течност за одмрзнување која наутро само ќе ја испрскате врз мразот. Во шишето ставете литар алкохол, децилитар вода и 1 лажичка детергент за садови.

Постои уште еден добар рецепт – истурете алкохол и вода во сооднос 2: 1 (две третини од алкохол и една третина од вода) во шишето со распрскувач.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го убил во шума и му го украл идентитетот: Го барале со недели, нуделе и пари за информација

 

 

Како да одмрзнете заледена брава

Најдобра заштита е спрејот наменет токму за ова, а доколку замрзне бравата загрејте го клучот со запалка и ќе можете да го отклучите.

Loading...

Како да не ја замрзнете вратата од автомобилот

Премачкајте ја гумата околу вратата на автомобилот со малку маснотија. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење итн. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за да можете да ја отворите вратата следното утро без никакви проблеми.

Како да исчистите замрзнато стакло на автомобил

Ако се најдете некаде во градот, ви замрзнуваат прозорците, а немате спреј, топла вода или стругалка – посегнете по банкарската картичка и истружете го мразот. Ќе оди малку побавно, но по некое време сепак ќе можете да седнете во автомобилот и да возите дома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го убил во шума и му го украл идентитетот: Го барале со недели, нуделе и пари за информација

 

 

Како да спречите замрзнување на бришачите

Да, добро прочитавте. Ставете стари чорапи на бришачите за да не ги најдете „залепени“ на леденото стакло наутро. Или, само подигнете ги за да не стојат на стаклото за да не се залепат.

 Заштита за огледала

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Можете да ги завиткате и со ластик.

 

Loading...

 

Ставете го картонот на стаклото

Ова е одличен начин да се спречи воопшто да се замрзнат стаклата на автомобилот, што често ги користат возачите. Наместо картон можете да ставите и стара крпа.