Сопругата не му дозволила да оди на Мундијал, но пријателите нашле креативно решение (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Седум пријатели купиле автобус за да со него патуваат на Светското првенство во Русија, но кога приваните проблеми го спречиле едниот од нив да тргне во авантурата, останатите одлучиле дека Хавиер на еден или друг начин сепак ќе оди со нив.

https://www.instagram.com/p/Bj8IT5mHNvn/?utm_source=ig_embed

Loading...

Планирајќи го тоа уште од Мундијалот во Бразил пред четири години, групата пријатели купила стар училишен автобус од Дуранго Сити, го средиле, исфарбале во боите на мексиканското знаме и со брод заминале во Португалија.

Меѓутоа, кога плановите финиширале кон крајот на април, едниот од нив, Хави, се откажал од патот и целото друштво за тоа го известил преку Фејсбук.

– Хавиер ни рече: „Сопругата не ми дава да одам“. Не можеше да ни се придружи, но одлучивме да го водиме и без нејзина дозвола. Вистината е дека Хави си поминува прекрасно, напишале на групниот профил на Фејсбук.

https://www.instagram.com/p/Bj8V3UDHnPy/?utm_source=ig_embed

И така, од амстердамските барови до берлинските клубови, групата со себе секаде го носи картонскиот Хави во реална величина, а на предната страна му го испишале изговорот од Фејсбук.

https://www.instagram.com/p/Bj8IDMMnzA1/?utm_source=ig_embed

Картонскиот Хави така испил безброј кригли пиво, пуштал музика, работел како шанкер, возел автобус, па и заспал на улица.

Leave a Reply