Со времена судска мерка – пуштена електричната енергија во ЈП Водовод

Сподели со своите пријатели

Според информациите од ЈП Водовод, денес повторно е пуштена електричната енергија, со решение за превремена мерка на Основен Суд Куманово, откако во понеделник, освен Филтер и Пречистителната станица, сите останати објекти останаа без напојување со електрична енергија.

Loading...

Јавното претпријатие ”Водовод” по пуштена тужба до ЕВН со наведување на можните штети по населението со самиот прекин на електрична енергија во витален капацитет, и излегување на лице место од страна на Основен Суд Куманово, утринава доби електрична енергија, и се` до правосилност на решавање на тужбата, струјата нема да биде повторно исклучена, информира Горан Стојковски, директор на ЈП Водовод.

– Со избирање на новиот добавувач на електрична енергија што ќе биде познат на 6 август, кога ЈП Водовод очекува да биде завршена тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за снабдување со електрична енергија согласно Законот за либерализација на пазарот, ќе се потпише договор со кој ЈП Водовод ќе се обврже да го врати стариот долг на рати, вели Стојковски.

Долгот во моментот изнесува над 60 милиони денари за изминат период, со тоа што ЈП Водовод, месечно издвојува 700 000 илјади денари по основ на тековно потрошена електрична енергија.