Со воена парада Трамп ќе ја прикажува воената моќ на САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп издал наредба на Пентагон во втората половина од годината, за да се прикаже воената моќ на американската војска, да организира голема воена парада.

Како пренесуваат агенциите, Трамп сака да види дефиле на војската и тенковите низ улиците во Вашингтон.

По тој повод, Трамп на 18. јануари имал состанот со генералите во Пентагон, тврди неименуван извор, а пренесува „Вашингтон пост“.

– Наредбата за марш беше: „Сакам парада како онаа во Франција“, рекол неименуван воен извор и додал дека на тоа се работи на највисоко воено ниво.

Според наводите, прикажувањето на воените сили не е типично за САД и не е евтино.

Претставничката за печатот во Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс потврдила дека плановите се во тек.

– Претседателот Трамп неверојано ги поддржува членовите на службата кои скојдневно ги ризикуваат своите животи како нашата земја би ја направиле безбедна.  Тој побара од Министерството за одбрана да размислат за прославата на која сите Америакнци би можеле да ја покажат својата благодарност, напишала таа во соопштението.

И Пентагон ги потврдил вестите за плановите.

– Свесни сме за барањата и во тек е процес за утврдување на специфични детали. Ќе споделиме повеќе информации во текот на процесот на планирањето, навел портпаролот на Министерството за одбрана Томас Кросон.


Leave a Reply