Со свечена Светосавска Академија која ќе се одржи во Народниот театар во Куманово, Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово ќе го одбележи националниот празник на Србите во Македонија, информираат од одборот.
Предвидена е богата културно-уметничка програма, а специјални гости ќе бидат Етно Група Траг од Бања Лука со композиција “Завештање”, а свој настап ће има и Куд “Српски вез” од Куманово.
Најавено е присуство и на високи претставнции од политичкиот и дипломатскиот врв од Србија и Македонија, а анастонот е со почеток од 19 часот.