Со сè поголемиот број на луѓе кои своите компјутери, вклучувајќи ги и податоците за нивната компанија, ги пренесоа во своите домови за да работат или да учат дома, постои зголемена закана од хакерите кои се обидуваат да ја искористат моменталната состојба и да се инфилтрираат во корпорациите, предупредуваат експертите за компјутерска безбедност.
Официјални лица во САД, Велика Британија и во други земји издадоа предупредувања за опасност од работењето на далечина, додека технолошките компании регистрираа зголемување на бројот на барања за помош при обезбедување на работа за луѓе кои работат надвор од нивните канцеларии.
Според Ројтерс, криминалците претставуваат пораки кои служат за кражба на лозинки и заразени софтвери како предупредувања или апликации поврзани со коронавирусот.
Некои истражувачи откриле дека хакерите се позиционираат како службени лица во Центрите за спречување и контрола на болести на САД во обид да пробијат е-пошта или да измамат корисници на биткоин, додека други забележале дека хакерите користат апликации кои имаат вируси за да се пробијат во Android телефоните.