Со поддршка од DRӒXLMAIER ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово доби нова сензорна соба

Сподели со своите пријатели

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово, со поддршка од DRӒXLMAIER Македонија, доби целосно опремена сензорна соба наменета за ученици со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот.

Loading...

Сензорната соба е опремена со специјални реквизити и дидактички средства и помагала каде што со соодветна стручна помош ќе се постигне инклузија на учениците.

Сите деца се подеднакво важни и заслужуваат поддршка

Новото катче во ООУ „Браќа Миладиновци“ е прилагодено, така што учениците ќе можат да поминуваат одредено време таму, ќе другаруваат и ќе ги развиваат своите сензорни способности.

„Драго ни е што  имаме можност да дадеме придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес особено во делот на создавање еднакви услови за развој на децата уште во рана возраст“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одрон кај Страцин го затвори патот Куманово – Крива Паланка

 

 

DRӒXLMAIER ги следи потребите на заедницата кадешто делува

За директорката Јасмина Спасевска оваа донација има огромна важност, бидејќи стручните кадри ќе имаат можност уште подобро да одговорат на потребите на децата со попреченост и да го реализираат својот наставен план.

Loading...

„За нас како образована институција детскиот развој е приоритет. Овозможувањето на соодветно инклузивно образование, а со тоа и инклузивна култура сѐ повеќе води кон активно вклучување на дечињата со попреченост во секојдневните активности“, потенцира Спасевска изразувајќи голема благодарност до DRӒXLMAIER Македонија со чија поддршка за многу кратко време беше опремена сензорната соба.

Како општествено одговорна компанија, DRӒXLMAIER Македонија во континуитет преку бројни проекти и активности ја поддржува заедницата и регионите кадешто делува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Покрај сензорната соба во ООУ „Браќа Миладиновци“, компанијата претходно го поддржа опремувањето и на сензорната соба во ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.