Со авион сакаа да го откријат полот на бебето: Леталото се урна, пилотот загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Забава за откривање на полот на бебето се претвори во трагедија откако мал авион се урна при што загина пилотот пред расположените гости кои не знаеја за трагедијата што се случи на небото.

Loading...

Среќната двојка ја прослави својата бременост со семејството и пријателите во Синалоа, Мексико и најмиле мал авион да го прелета нивниот двор и да разнесе розова или сина боја за да го покаже полот на нивното бебе.

Додека авионот се приближуваше до идните родители, кои стоеја покрај знакот „Oh, baby“, авионот испушти розов чад од трупот – сигнализирајќи дека очекуваат ќерка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Предвремени избори во Шри Ланка: Победи левичарската коалиција

Но, во истиот момент, авионот Пајпер одеднаш почна да паѓа кон земјата, вртејќи се на страна откако едното крило му се сруши во воздух.

Пред да станат свесни за трагедијата што се случила, парот продолжил да се прегрнува додека членовите на семејството им честитале.

Луис Анхел Н.(32) бил пилотот и единствениот човек во малиот авион, јавуваат локалните медиуми, а по несреќата бил пронајден како лежи под урнатините.

Тој итно бил пренесен во болница каде за жал починал.

Снимката од овој трагичен момент стана вирална на социјалните мрежи, пишува Daily Mail.

Loading...