Снег на Шара – повремен дожд во котлините (видео)

Сподели со своите пријатели

Последниот јунски понеделник започнува со умерена ублачност наутро.

Loading...

Во принцип покриеноста на небото со облаци ќе биде слична и во попладневните часови, но попладне ќе има повеќе услови за локален дожд. Не станува збор за интензивен дожд, туку за повремен, релативно слаб дожд, кој во регионите околу Малешевијата и околината на планините Шара, Баба и Јакупица, може да биде проследен со ретка појава на грмежи.

Навечер во северната половина од земјата облачноста ќе бележи тренд на намалување.

Максималната температура во повардарскиот крај ќе има вредност помеѓу 27°С и 29°С, додека во пелагониската котлина и котлините во источниот регион таа ќе има вредност од 25°С до 27°С.