Слупчанци вчера го оставиле без струја и ГП „Табановце“

Сподели со своите пријатели

Мештаните на Слупчане по вчерашното беснеење и оштетување на трафостаниците го оставиле без струја и Граничниот премин „Табановце“.

Loading...

Ова го потврдија од ЕВН од каде велат дека дефектот бил саниран за кратко време.

Цела ноќ екипи на  Електродистрибуција работеле на санација на дефектите кои ги предизвикаа слупчанци во неколку села.

Во моментот е нормализирано снабдувањето со електрична енергија во селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Но, мештаните на липковско Слупчане беснееле и ноќва.

– Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.

Без струја засега остануваат Слупчане и Оризаре, а од ЕВН велат дека нема да ги санираат тие дефекти додека на екипите не им се гарантира безбедност.

– Се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работиме на санација на дефекти или извршуваме редовни работни активности во овие села, велат од ЕВН.

Loading...

Инаку вчера слупчанци не дозволија влез на екипите на ЕВН во селото, а во меѓувреме доставија апсурдни барања до компанијата меѓу кои да им ги прости долговите за досегашната крадена струја и секоја нова сметка да не биде повисока од 3.000 денари без разлика колку струја ќе потрошат.

Никола Ивановски