Во индиската сојузна држава Ориса, поточно во селото Салипада, стадо слонови наишло на голем глинен сад со махуа – алкохолен пијалак направен од ферментирани цветови на тропско дрво што содржи и до 45 отсто алкохол.
Мештаните ги оставиле контејнерите во џунглата за пијалокот да ферментира, а потоа останатите биле шокирани кога ги нашле контејнерите скршени и празни.
Во нивна близина наишле на стадо од 24 заспани слонови. Меѓу нив имало и младенчиња, пренесува Инсајдер.
– Конзумирале ферментирана вода и се опијаниле. Тој пијалaк сè уште не бил преработен. Се обидовме да ги разбудиме животните, но не успеавме, па за се го известивме шумското одделение – изјави еден локален жител.
Службениците на шумското одделение користеле тапани за да ги разбудат слоновите од длабок сон, а чуварот на шумата потврдил дека потоа животните избегале во џунглата.
– Слоновите ги привлекува мирисот на махуа. Го сакаат затоа што е вкусен и моќен – изјави извршниот директор на Wildlife SOS.
Тој додаде дека тврдењата на жителите му изгледаат необично бидејќи обично еден слон се грижи за остатокот од стадото.
Слоновите можат да се опијанат од мали количини на алкохол бидејќи не можат да го метаболизираат алкохолот на ист начин како и луѓето, без разлика на нивната големина.