Следете во живо: Сè е подготвено за полетување на најголемата ракета на Илон Маск

Сподели со своите пријатели

Компанијата на милијардерот Илон Маск SpaceX се подготвува да го лансира Starship (во превод вселенски брод), најмоќната ракета во светот, во вселената.

Loading...

Претходните два обиди за лансирање завршија со спектакуларни експлозии, а од нив зависат плановите на американската агенција НАСА да испрати астронаути на Месечината до крајот на деценијата.

Американската федерална управа за авијација (FAA) вчера му даде дозвола на SpaceX за пробно лансирање.

Периодот на лансирање започна во 13:00 часот и ќе трае 110 минути, а се очекува ракетата да полета во 14:02 часот.

Се вели дека дозволата го отвора патот за уште едно тестирање на вселенско летало од клучно значење за Илон Маск и лансирањето на сателитите на лунарната програма на НАСА, пренесува Ројтерс.

Ракетата е висока 122 метри и има два дела. Првиот е дел од не’рѓосувачки челик кој може да се употребува повеќекратно, исто така наречен Starship, а вториот е многу тешки бустери за подигнување.

Оваа ракета моментално е најголемата и најмоќната направена досега, а нејзината цел е да превезува луѓе на Месечината, а можеби и на Марс, пишува Space.com.

 

Loading...