Ситуација во Куманово снимена пред половина час (видео)

Сподели со своите пријатели

Еве како изгледа Куманово, снимено пред половина час со аматерска камера.

Loading...

Во позадина на снимката се слушаат детонации иако се вели дека напаѓачите се предале на полицијата.

Инаку, приштински Бота Сот објави дека Ослободителната национална армија ја презема одговорноста за нападите врз македонските полициски сили во сабота наутро во Куманово.

Во тековната борба за слобода и национално достоинство, силите на Ослободителната народна армија во раните утрински часови на 9 мај 2015 година, ја нападнаа македонската полиција, која со денови врши терор врз цивилното население – се вели во Комуникето број три на ОНА, што го објави приштински „Бота Сот“.

Понатаму се додава дека акциите во иднина ќе станат уште пожестоки. Засега нема официјална потврда за автентичноста на Комуникето, кое е потпишано од портпаролот на ОНА од Гостивар.

Leave a Reply