Претставници на Обединетите нации во Сирија потврдија дека колера се појавила во неколку региони во таа земја и дека во моментов се заразени 936 лица, додека осум починале, предупредувајќи дека тоа е сериозна закана за целиот регион, објави денеска Ројтерс.
Координаторот на ОН во Сирија Имран Риза повика на итна реакција за да се спречи ширењето на колерата.
Досега случаи на колера се забележани во регионите на Алепо, Деир ез-Зура, Рака, Хасака, Хама и Ладикија.
Се претпоставува дека појавата на колера е поврзана со наводнување на посевите со загадена вода и користење на нечиста вода од Еуфрат за пиење.
Реката Еуфрат ја дели Сирија на половина од север кон исток.
Големото уништување на водената инфраструктура за време на долгата војна ги принуди Сиријците да користат вода од небезбедни извори.
Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Сирија, Ричард Бренан, потврди дека од 25 август во земјата се регистрирани осум смртни случаи од колера.
Шест се регистрирани во Алепо на север и два во Деир ез-Зур на исток.
Ова се првите потврдени случаи на колера во последните години.