Синот на Џо Бајден се изјасни за виновен за затајување данок

Сподели со своите пријатели

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џо Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД.

Loading...

Со тоа тој ја смени претходната изјава од јануари 2024 година, кога изјави дека е невин, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка.

Бајден се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението и беше обвинет за проневера на вкупно 1,4 милиони долари, а во исто време ги трошел парите на наркотици, проституција и луксузни предмети.

Судијата Марк Скарси рече дека синот на Бајден се изјаснил за виновен и дека не постигнал договор со обвинителите.

Според судијата Скарси, максималната затворска казна за тоа дело е 17 години затвор, додека паричната казна е до 450.000 долари.

„Ги претрпе последиците од зависноста“

Во изјавата по сослушувањето, Бајден изјави дека се изјаснил за виновен за да ги поштеди родителите од непријатните детали од делот од неговиот живот во кој ги претрпел последиците од зависноста од дрога.

„Со оглед на сето она што ги поминав во претходните години, сакав да ги поштедам од тоа“, рече Бајден, истакнувајќи дека го исплатил својот даночен долг.

Неговото признание за вина, на денот кога се очекува да започне судењето, е предуслов за да се избегне судење за време на кое сигурно ќе бидат обелоденети компромитирачките детали од неговиот живот – непосредно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, според Гласот на Америка.

Loading...

Хантер Бајден беше осуден во јуни 2024 година во американската држава Делавер под обвинение за нелегално купување оружје додека бил корисник на дрога. На таа пресуда тој поднел жалба.