Силен земјотрес го погоди Пакистан

Сподели со своите пријатели

Земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што утрово погоди делови од Пакистан предизвика паника кај жителите, а се уште нема извештаи за штета, соопштија властите.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, претежно муслимански регион кој е поделен меѓу Индија и Пакистан.

Според Националниот сеизмички центар за мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, длабочината на епицентарот на земјотресот била 20 километри.

Земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од Пакистан.

Во 2005 година, во земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер загинаа 20.000 луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалиптични сцени во близина на Виена: Поплавен автопат (ВИДЕО)