Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Чиле.
Loading...
Епицентарот на земјотресот бил во областа Валпараисо на длабочина од 36 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на 35 километри од Ла Лигу и 88 километри од Вина дел Мар.
Засега нема податоци за евентуална материјална штета.