Шверцер на мигранти излета од пат во кумановско по бркотница со полицијата

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен шверцер на мигранти вчера излетал од патот кон селото Речица во бркотница со полицијата, на чиј знак не застанал.

Loading...

– На 28.10.2024 околу 23 часот полициски службеници од ПС за граничен надзор Сопот при РЦГР Север го лишиле од слобода Ф.А.(21) од Тирана, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено по член 418-б од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијат,а околу 23 часот на место викано „Костурник“, кумановско, полициските службеници забележале патничко возило „ауди А3“ со косовски национални ознаки, управувано од пријавениот, во кое имало мигранти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

Од страна на полициските службеници бил даден знак возилото да застане, но тоа продолжило со движење во правец на место викано „Езера“-с.Речица, по што излетало од патот.

– Ф.А. е лишен од слобода, а пронајден е и еден мигрант С.Р.(29) од Непал, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите лица, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски