Што е емоционална интелигенција и дали таа може да се извежба?

Сподели со своите пријатели

Психолозите веќе долго го користат поимот интелигенција, кој е тешко да се дефинира, затоа што поголемиот дел од луѓето веднаш го поврзуваат со паметот иако всушност би било поточно да се зборува за бистрината.

Loading...

Експертите укажуваат дека неретко е случај неписмена личност да има подобри резултати на тестовите за интелигенција од факултетски професор.

Инаку, тестовите за интелигенција се воведени во првата половина од минатиот век во Америка и станува збор за низа прашања класифицирани во неколку категории.

Иако често оспорувани, тестовите денес се користат при запишување факултети, вработување…

Одамна е познато дека постојат повеќе интелигенции, меѓу кои се просторна (снаоѓање во простор), говорна (вештина за ораторство), матеиматичка (надареност за бројки), музичка (талент за музиак), апстрактна (општа или генерална).

Меѓутоа, психологот Даниел Големан во својата книга од 1995 година воведува нов поим – емоционална интелигенција, а станува збор за способност за разбирање на чувствата, и своите и туѓите.

Поточно, како што велат психолозите, се работи за самосвест, самомотивација или самоконтрола.

Истражувањата покажале дека општата интелигенција не е нужно поврзана со емоционалната, затоа што понекогаш на високо интелигентните лица на водечките места им недостасуваат разбирање на туѓите мотиви, настојувања и тежнеења, односно им недостасува сочувство.

Loading...

Меѓутоа, сочувството може да се вежба, а психолозите советуваат дека личноста не мисли дека светот се врти само околу неа, личноста мора помалку да критикува, а почесто да фали, треба да биде искрена кон себе и другите, да избегнува наредување и контролирање и да биде промислена.

Leave a Reply