Штетата од поплавите во Словенија е неколку милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Словенија Роберт Голоб изјави дека штетите од катастрофалните поплави во таа земја изнесуваат неколку милијарди евра.

Loading...

Голоб посочи дека приоритет е да се воспостави основна инфраструктура, како струја и вода.

Премиерот посочи дека помошта за Словенија почна да пристигнува од странство и дека во моментов најпотребна е тешката механизација и монтажните мостови, соопшти Радио-телевизија Словенија.

Веќе почна да пристигнува помош, не само од ЕУ, нагласи Голоб.

Тој посочи дека дури и Украина испратила хеликоптер, што, како што рече, значи дека солидарноста навистина нема граници.

„Луѓето само гледаа како водата го уништува она што го граделе цел живот“

Премиерот рече дека овие поплави се најголемата катастрофа во поновата историја на Словенија и дека Владата ќе направи се за да им помогне на настраданите од поплавите.

Голоб посочи дека Владата ќе одвои повеќе од 100 милиони евра само за реконструкција на инфраструктурата по поплавите, пренесува Танјуг.

Тој најави дека на денешната седница на Владата ќе се расправа за пакет парична помош за луѓето кои изгубија се во поплавите.

Loading...

Словенечката влада во понеделник одржа кризен состанок на кој се разговараше за штетите и мерките за отстранување на последиците од поплавите, на кои најмногу беше оштетена инфраструктурата.