Шолц во Кина ги уверуваше студентите дека не мора да пушат марихуана ако дојдат во Германија

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги увери кинеските студенти во Шангај дека не мора да консумираат канабис доколку студираат во Германија и дека го легализирале со надеж дека потрошувачката ќе падне.

Loading...

Шолц го кажа ова како одговор на прашање на студент на Универзитетот Тонги кој се прашуваше дали ќе мора да пуши канабис ако студира во Германија.

„Никогаш не сум пушел марихуана“

Во февруари, Германија ја легализираше потрошувачката на растението, дозволувајќи им на поединци и здруженија да го одгледуваат и да поседуваат ограничени количини.

„Ние не сакаме повеќе луѓе кои користат канабис, сакаме помалку луѓе да го прават тоа, сакаме повеќе јавно образование за тоа“, рече Шолц.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

„Одговорот е едноставен: не пушете. Оваа година ќе наполнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“, тврди тој.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде утре во Пекинг ќе се сретне со раководството на земјата.

Шолц тврди дека Германија сакала да го извади канабисот „од сивата зона“.

Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе конзумирале канабис во Германија.

Loading...