Шилегов: На денешната седница се покажа двојното лице на ВМРО ДПМНЕ (видео)

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето се покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека имаат две лица, обвини Петре Шилегов, претседател на собраниската комисија.

Според Шилегов, едното лице се покажува кога треба да се зборува за технички работи, додека второто лице, е кога треба да се зборува за суштински работи.

Едно лице, кога треба да се зборува за технички работи, коишто претпоставуваат дека можеби ќе вршиме суштинска работа. И второто лице, добро познато веќе на јавноста, дека кога навистина зборуваме за суштински работи, како што е сведочењето на нејзините функционери, истите или одбиваат да се појават пред Анкетната комисија или тоа го прават на затворена седница. 

Оттука, повикувам таквата божемна кооперативност да се преслика и на посочените сведоци. Истите, наместо да се кријат од јавноста на затворени седници или да не се јавуваат пред Анкетната комисија, да дојдат, јавно пред целокупната македонска јавност да бидат сослушани и да дадат изјави во свој осврт на посочени сведоци.

 Нам не ни треба Анкетна комисија за да кажеме дека постоела Анкетна комисија, истакна Шилегов на крајот од денешната одржана прес конференција.