Како што информира СВР Куманово, денес во раните утрински часови, поточно во 03.45 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН – Сопот, во реонот на Обиколница Табановце, било запрено такси возило, управувано од А.А.(21) од Гевгелија.
При извршена контрола констатирано е дека лицето вршело транспорт на шест лица мигранти од Гевгелија до ЖП„Табановце“. При преглед констатирано е дека лицата поседуваат потврда за искажана намера за право на азил, издадени на 04.12.2015 година во Гевгелија. Во документите издадени од грчката страна две лица се со ирачко државјанство, а четири со авганистанско државјанство, додека во потврдите издадени во Гевелија пишувало сириско државјанство.
Поради основано сомнение дека се работи за фалсификувани документи лицата се задржани и во 06.00 часот се предадени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.