Шест неверојатни работи кои ги измислиле жените

Сподели со своите пријатели

Кога се во прашање изуми кои го промениле и обележиле историскиот развиток прво што може да ни падне на ум се машки имиња, каок Едисон, Тесла, Да Винчи, Нобел. Но, што е со жените кои со својата работа ја обележале историјата?

Loading...

Ако не можете да се сетите на ниту едно име ви пренесуваме најмалку шест изуми кои ги потпишуваат исклучиво припадничките на понежниот пол.

Бришачи на автомобил

Мери Андерсон во далечната 1903 година се сетила дека бришачите на автомобилот се многу корисна работа. Шипката со гумен додаток кој се прилепува на стаклото го патентирала година дена подоцна. Иако нејзината идеја е сместена во сериското производство дури по неколку децении, денес возењето во автомобилите не можеме да го замислиме без нејзиниот едноставен, но многу важен изум.

Монополи

Елизабет Меги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Играта оргинално се нарекувала „’The Landlord’s Game“ и измена е, односно патентирана во 1903 година. Иако денешната намена е за добра забава и дружење со семјеството или пријателите, оваа дизанјерка на игра ја осмислила за да демонстрира трагичен ефект кој го донесува лакомоста и алчноста.

Соларно греење

Унгарската др. Мариа Телкес е одговорна за првиот систем на греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во САД и започнала да работи на проект кој се занимавал исклучително со оваа проблематика. Во 1940 година го развила и направила достапен првиот соларен систем на греење за домаќинствата, а во реализација на проектот и помогнала уште една успешна жена – архитектата Еленор Рајмонд.

Loading...

Пиво

Иако со сигурност не може да се тврди кој прв го произвел пивото кое со уживање го конзумираме во денешно време, но податоците до кои истрашувачите на историјата дошле говорат дека тоа била жена, потожно жени.

Имено пред 7.000 години во Месопотамија жените биле задолжени за производство на пивото. Тоа била вештина која ја работеле само припадничките на понежниот пол. Пивото тогаш се сметало за божји дар, а судејќи по неговата популарност денес останало едно од најпопуларните пијалоци на сите времиња, а се благодарение на вредните женски раце.

Противпожарни скали

Првите противпожарни скали на надворешната страна од зградата кои во случај на опасност од пожар би требало да ја олестан евакуацијата ги изумила Ана Конли во 1897 година. Нејзината идеја ја прифатиле бројни архитекти, а оваа идеја се одржала и до денешен ден.

Панцири

Верувале или не, зашититниот балистички елек, познат како панцирка го измислила жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањето кое го работела резултирало со измот на панцирката, поточно материјалот кој се користи за изработка на ситите.

Изумот го патентирала во 1966 година, но тоа не бил нејзин единствен изум. Во богатата кариера од 40 години оваа жена патентирала над 40 различни узми и е сместена во „Inventor’s hall of Fame“.

Loading...