Шефот на СЗО: Загрижен сум за обемот и брзината на ширењето на епидемијата на ебола

Сподели со своите пријатели

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата на ебола, бидејќи бројот на случаи се зголемува.

„Од почетокот на новата епидемија, има најмалку 500 случаи на инфекција и 130 смртни случаи за кои постои сомневање дека се поврзани со ебола“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Исто така, во главниот град на Уганда, Кампала, потврден е еден смртен случај и случај на инфекција кај две лица кои патувале од Демократска Република Конго, каде што се потврдени 30 случаи на инфекција во североисточната провинција Итури, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртоносниот сој ебола за кој нема вакцина се шири низ воената зона: „Мртвите тела сè уште пренесуваат инфекција“

„Овие бројки ќе се променат како што ќе се интензивираат операциите на терен, вклучително и зајакнување на надзорот, следење контакти и лабораториско тестирање“, рече Гебрејесус на состанокот на членовите на СЗО во Женева оваа недела.

Неколку фактори се загрижувачки за СЗО

Комитетот за итни случаи на СЗО треба да се состане денеска за да разговара за појавата на ебола. Комитетот за итни случаи се состои од меѓународни експерти кои го советуваат раководителот на организацијата.

Постојат неколку фактори кои ја загрижуваат СЗО за можното натамошно ширење на инфекцијата, како што се случаите во урбаните области, вклучувајќи ги Кампала и Гома во Демократска Република Конго и провинцијата Итури, опфатена со конфликти, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 131 смртен случај од ебола во ДР Конго

„Случаите регистрирани меѓу здравствените работници, исто така, укажуваат на ширење на инфекцијата во медицинските установи“, рече Гебрејесус.