Извршниот директор на Гугл и Алфабет, Сундар Пичаи, рече дека „секој производ на секоја компанија“ ќе биде под влијание на брзиот развој на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека општеството треба да се подготви за технологии како оние што веќе се лансирани.
Во интервјуто за „60 минути“ на CBS емитувано во неделата, водителот Скот Пели испробал неколку проекти на Google за вештачка интелигенција и рече дека е „запрепастен“ и смета дека тоа е „вознемирувачко“.
Овде, пред се, тој мисли на четботот Bard на Google, кој се смета за производ сличен на човекот, што значи дека има способност да „имитира“ човечко однесување.
– Мораме да се прилагодиме како општество за тоа – рече Пичаи во интервјуто, додавајќи дека работните места кои би биле нарушени од вештачката интелигенција ќе вклучуваат т.н. „работници на знаење“, имено писатели (новинари, пишувачи), сметководители, архитекти и – иронично – софтверски инженери.
– На пример, ако сте радиолог и ако мислите пет до 10 години напред во споредба со сега, со вас ќе имате „соработник“ од областа на вештачката интелигенција. Доаѓаш сабајле и, да речеме, имаш сто работи да поминеш, па тоа ќе значи дека јасно ти кажува „Ова се итни случаи кои прво треба да ги погледнеш“.
Предупредувајќи за последиците од вештачката интелигенција, шефот на американската гигантска компанија рече дека обемот на проблемите поврзани со дезинформации и лажни вести и слики – ќе биде „многу поголем“, додавајќи дека тоа „може да предизвика штета“.
Минатиот месец CNBC објави дека Пичаи внатрешно им кажал на вработените дека успехот на неговата новоотворена програма Бард сега зависи од јавното тестирање, додавајќи дека „работите ќе тргнат наопаку“.
Минатиот месец, Google го лансираше својот чет-бот Bard како експериментален производ за јавноста.
Сепак, тој софтвер секако не е единствената „ајкула“ во морето. Како што истакна Пели во интервјуто, конкурентскиот притисок помеѓу гигантите како Google и стартапите за кои никогаш не сте слушнале го турка човештвото во иднината, без разлика дали е подготвено или не.