Шарл Мишел пред состанокот на ЕПЗ: Ни треба поголема безбедност

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Оксфорд, во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница, изјави дека целиот свет, не само Европа, се соочува со исклучително тешки предизвици.

Loading...

Ни треба повеќе безбедност, стабилност, напредок, затоа е добро што европските лидери можат да разговараат и да видат како да ги зајакнат врските и соработката, рече Мишел.

Тој изрази уверување дека Европската унија може да отвори ново поглавје во односите со Велика Британија.

Можеме да ја зајакнеме соработката, бидејќи се согласуваме за војната во Украина и за многу други области, рече Мишел.