Северна Кореја за прв пат објави дека има постројка за збогатување ураниум

Сподели со своите пријатели

Властите на Северна Кореја за првпат ѝ открија на јавноста дека имаат капацитет за збогатување ураниум, а лидерот на таа земја Ким Џонг-ун изјави дека е неопходно експоненцијално зголемување на нуклеарното оружје.

Loading...

Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA) објави дека Ким го посетил Институтот за нуклеарно оружје и базата за производство на нуклеарни материјали.

 

 

Истиот извор пренесува дека Ким во таа прилика бил информиран за производство на нуклеарни боеви глави и постоечки нуклеарни материјали.

Ким им се заблагодари на научниците, техничарите и службениците во областа на производството на нуклеарно оружје и го опиша производството како беспрекорно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пристанишните работници во САД го прекинаа штрајкот по три дена

Наводно, тој ја посетил и контролната соба на фабриката за збогатување ураниум, за да се запознае со работата на производните линии.

Loading...

Ким изрази големо задоволство од техничката моќ на Северна Кореја во областа на нуклеарната енергија и рече дека неговата земја треба експоненцијално да го зголеми своето нуклеарно оружје за самоодбрана.

 

 

Со оваа изјава Северна Кореја за прв пат на јавноста и соопшти постоење на објект за збогатување ураниум.

Јужнокорејските и американските власти веруваат дека Северна Кореја има капацитет за збогатување ураниум во комплекс во близина на главниот град Пјонгјанг.