Сеул: Околу 300 севернокорејски војници загинаа во борбите на страната на Русија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 300 севернокорејски војници кои се борат на страната на Русија против Украина се убиени во борбите, а околу 2.700 се ранети, соопшти утрово јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).

Loading...

Информациите беа откриени за време на состанокот зад затворени врати на парламентарната комисија за разузнавање, рече пратеникот Ли Сеунг-Квон од владејачката Партија на моќта на народот.

Ли изјави дека НИС исто така извести дека Северна Кореја им наредила на своите војници да се самоубијат за да не бидат заробени живи од украинската војска.

Пратеникот рече дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени од украинските сили во регионот Курск во Русија, одбил понуда за азил во Јужна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински воен претставник: Руските сили се обидуваат да го прекинат дотурот на Покровск

Во речиси триминутното видео, објавено од украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата на платформата Х, еден од ранетите севернокорејски војници рече дека сака да остане во Украина на прашањето дали сака да се врати дома, пренесува Танјуг.