Сеул објави дека Северна Кореја ги завршува подготовките за нуклеарна проба

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја ги заврши подготовките за нуклеарна проба на полигонот за нуклеарно тестирање Пунгје-ри, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за одбрана.

Loading...

Официјален Пјонгјанг може да тестира и интерконтинентална балистичка ракета во ноември, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Јужнокорејската воено разузнавачка агенција (ДИА) потврди дека Северна Кореја ги завршила подготвителните активности за нуклеарна проба.

Во соопштението на ДИА, исто така, се потврдува дека Северна Кореја ги завршува подготовките за лансирање на балистичка ракета со долг дострел, очигледно интерконтинентална балистичка ракета ICBM, за која се верува дека Пјонгјанг ќе ја лансира за време на претседателските избори во САД.