Група од 165 жители на едно белгиско село освоила повеќе од 143 милиони евра на лотаријата EuroMillions.
Loading...
Жителите на Олмен, во провинцијата Антверпен, собрале пари за да купат ливче заедно во киоскот, јавува Би-Би-Си.
Секој од нив освоил по околу 868.000 евра, објави белгиската државна лотарија.
За ждрепката во вторник имаше повеќе од 27 милиони пријавени.
Џекпотот беше 142.897.164 евра.
Портпаролот на Државната лотарија Џок Вермоер рече дека групните добивки во Белгија не се вообичаени и дека ова е најголемата група која некогаш освоила награда.
Идентитетот на победникот не е соопштен.