Сеќавање на роденденот на Тито и Денот на младоста (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод 25 мај, роденден на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито и поранешен Ден на младоста, членови на здружението „За наше Куманово“ положија свежо цвеќе пред бистата на Тито во Куманово.

Loading...

 

 

Претседателот Даниел Стојчевски и портпаролот на Здружението „За Наше Куманово” – Стефан Петковски положија цвеќе пред спомен обележјето на Тито на градскиот плоштад.

 

 

Loading...

Инаку Денот на младоста бил празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој се празнувал на 25 мај, од 1945 до 1988 година.

Овој празник се поврзувал со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892–1980), а првата година се славела само како негов роденден, додека во 1957 година на негова иницијатива станува Ден на младоста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Главниот симбол на овој празник беше штафета на младоста, која се носеше околу месец и половина низ целата територија на Југославија и му беше предавана на Тито на 25 мај на величествен слет, кој беше организиран на стадионот на ЈНА.

Никола Ивановски