Се запознале на интернет: Отпатувала да го пречека, тој ја убил, распарчил и ги продал органите

Сподели со своите пријатели

Мексиканката Бланка Арелано (51) била пронајдена мртва откако отпатувала во Перу каде сакала да запознае човек кој го запознала преку интернет и со кој се допишувала со месеци.

Loading...

Била распарчена и без органи.

Бланка го запознала Хуан Пабло Хесус Вилафуерте Пинто (37), студент по медицина и биотехнологија, на апликација за игри.

Откако биле во контакт неколку месеци, таа решила да отпатува од Мексико во Перу за да го запознае.

Се качила во авион и исчезнала без трага само една недела подоцна, пишува Daily Mail.

Ја барала нејзината внука, која се загрижила откако една недела не можела да стапи во контакт со неа.

Таа му се јавила на Хуан, а тој ѝ кажал како Бланка се вратила во Мексико бидејќи не можел да ѝ го даде она што го очекувала.

Но, само неколку дена подоцна, делови од телото без глава, отсечен прст со прстен и торзо без органи биле пронајдени на плажата, во близина на станот на Хуан.

Loading...

Во станот на студентот по медицина полицијата пронашла траги од крв, па тој веднаш бил уапсен.

Се покажало дека тоа е крвта на Бланка, а Хуан бил обвинет за убиство, трговија со луѓе и органи.

Иако ја негираше вината, остана во притвор, а истрагата продолжува.