Се урна улица во Неапол, „проголта“ автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во неаполскиот кварт Вомеро утрово се урна дел од патот и две возила, од кои едното паркирано, а другото во транзит, паднале во провалија, но патниците не се здобиле со сериозни повреди.

Loading...

На луѓето во автомобилите им помогнале двајца војници ангажирани на патиштата, кои ги отвориле вратите на возилата и им помогнале на патниците да излезат од бездната, пренесува Анса.

Според првите проверки се чини дека дошло до колапс на канализација, некои делови од Вомер останале без вода, а жителите се евакуирани од една зграда.

Во една од околните улици течела вода од балконот, а неколку станови биле поплавени.

Адвокатот Анџело Писани, претседател на здружението на потрошувачи „Нои Конзуматори“, рече дека урнатиот пат е привремено затворен и додаде дека не е првпат ваков инцидент да се случи во Неапол.

Тој посочи дека граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно поради дупките на патиштата и заклучи дека поради лошата контрола водата истекува под земја и со тоа предизвикува големи штети.

 

Loading...