Заврши втората фаза од проектот за уредување на речното корито на Липковка, проект кој се реализира преку УНДП, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија и Општина Куманово.
Наскоро се очекува да започне и реализација од првата фаза од проектот кој беше прекинат, за регулацијата на реката од мостот во населбата Средорек до локалитетот Водовод.
– Во меѓувреме општината ќе се обиде да побара донатори, односно кофинансиери за проектот за третата фаза на речното корито и веќе порачавме изработка на проектна документација за проширување на постоечкиот мост на локацијата кај Средорек. На Куманово му се потребни вакви проекти, граѓаните имаат голем бенефит и верувам дека со текот на времето ќе успееме и овој дел на градот, особено во делот на зелениот стар градски парк да го разубавиме и да направиме соодветна пешачка зона која ќе можат граѓаните да ја користат континуирано, изјави Димитриевски.