Се шпекулира дека Путин во оваа вила наводно живее со љубовницата

Сподели со своите пријатели

Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш ја заинтригирал јавноста, а руските независни медиуми во новата истрага тврдат дека рускиот лидер наводно живее со својата љубовница во луксузна вила во близина на Москва.

Loading...

Независниот руски медиум „Проект“ наведува дека имотот се наоѓа на езерото Валдај, дека е целосно направен од дрво по модел на руски дачи и дека наводно и припаѓа на гимнастичарката Алина Кабаева (39).

 

 

Претходно се шпекулираше дека Путин и Кабаева имаат неколку деца, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.

Проектот тврди дека се верува дека Путин го купил овој имот на Алини, вреден 113 милиони евра, преку средства во Кипар.

 

Loading...

 

Фотографиите од замокот, кои протекоа од директор во градежништвото, кој работел на куќата до 2005 година, го прикажуваат луксузниот ентериер, за кој се шпекулира дека е инспириран од љубовта на Путин кон неговиот роден град Санкт Петербург и музејот Ермитаж, пишува Дејли мејл.

На имотот има спа центар, додека златните детали доминираат во речиси секоја соба во вилата.

 

 

Оваа „златна вила“, како што ја нарекуваат, почна да се гради речиси веднаш по доаѓањето на Путин на власт.

Loading...

„Путин официјално се разведе од сопругата Људмила во 2013 година, но никогаш не престана да го сака Валдај. Наводно ја донел Алина во истата „златна палата“ потоа“, вели Проект.

 

 

Медиумите додаваат дека Путин подоцна изградил нова дрвена вила за Алина и децата.

„Се наоѓа на околу 800 метри од „златната вила“. Изградбата на куќата започна во 2020 година“, додаваат медиумите.

 

Фото: Kremlin.ru / East2West News

 

Loading...

Извештаите за постоењето на замокот првпат се појавија во 2021 година од тимот на Алексеј Навални, осудениот руски опозициски лидер.

И Путин и Кабаева постојано негираа дека се во врска.