Кошаркарските игралишта во Куманово добиваат нови табли и обрачи деновиве, благодарение на напорите на Кошаркарскиот клуб Куманово и општината.
Loading...
Вчера се заменети таблите и обрачите низ игралиштата во централното подрачје, а денеска слична акција ќе биде спроведена и во населбата Гоце Делчев и во село Проевце.
Loading...
Како што посочуваат од управата на КК Куманово, целта на ваквите акции е афирмација на кошарката во градот и создавање услови за спортување на младите, со цел нивен правилен физички развој.
Никола Ивановски