СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров да си замине?

Сподели со своите пријатели

Толку е лоша состојбата со здравството во Македонија што денеска беше пукано во лекар a уште три лица беа поврдени во престрелка на Клиниката за абдоменална хирургија, обвини денес СДСМ во партиско соопштение испратено до јавноста.

Loading...

Според СДСМ, со Никола Груевски и Никола Тодоров каубојските филмови станаа реалност и во болниците.

  • Недозволиво е во еден Клинички центар во којшто секојдневно влегуваат и излегуваат илјадници луѓе, барајќи здравствена помош, на некого да му биде дозволено да пука. Лекарите во јавното здравство немаат основни услови за работа а примаат мали плати. Поради хаосот во здравството лекарите во Македонија се загрозени дури и на работното место. Тодоров и Груевски ги оставија лекарите без никаква заштита ниту сигурност во извршувањето на најблагодарната работа, да се грижат за здравјето на граѓаните.

Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине, прашаа денес од СДСМ по вооружената престрелка во Клинички центар во Скопје.