СДСМ продолжува со ”бомбите” – неофицијално на мета ќе биде ДУИ

Сподели со своите пријатели

Откако на последниот состанок во Брисел не се постигна договор за начинот на формирање на преодна влада, опозицискиот фронт на чело со СДСМ најави дека продолжува со активностите и објавување на нови прислушкувани разговори.

Loading...

Порталот plusinfo.mk објави неофицијални информации дека овие снимки нема да се однесуваат на веќе најавените случаи „Смилковско Езеро“, т.е. „Монструм“  и за А1 Телевизија, туку ќе бидат за начинот на работење на владата на ВМРО-ДПМНЕ, со посебен акцент на коалицискиот партнер ДУИ.

Засега не е познато дали прес-конференцијата ќе биде во кампот пред Владата или во седништето на СДСМ.