Саудиската нафтена компанија „Арамко“ откри две нови наоѓалишта на природен гас во источниот регион на земјата, објави во средата министерот за енергетика на Саудиска Арабија Абдулазиз бин Салман, јавува Anadolu Agency (AA).
Најновите откритија ќе дадат значаен придонес во енергетските стратегии на земјата, а исто така ќе ги зајакнат резервите на природен гас во кралството, државната новинска агенција SPA го цитираше принцот Абдулазиз бин Салман.
Првото откриено гасно поле, Автад, се наоѓа југозападно од гасното поле Гавар, 142 километри југозападно од градот Хофуф.
Второто гасно поле, Ал-Дана, се наоѓа на 230 километри југозападно од градот Даран.
Во меѓувреме, Саудиска Арабија потпиша договор за купување на пет воени бродови од Навантија, шпанската државна бродоградежна компанија.
На церемонијата на потпишување во главниот град Ријад присуствуваа шпанскиот министер за индустрија, трговија и туризам Рејес Марото, помошникот министер за одбрана на Саудиска Арабија за извршни работи Калид бин Хусеин Ал Бајари и претседателот на Навантија Рикардо Домингез.