Украинската армија е без муниција и затоа многумина го положуваат оружјето, изјави Едуард Басурин, портпарол на Народната милиција на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).
Loading...
„Се чини дека сега почнуваат да пристигнуваат помали количества муниција. Еднаш веќе реков дека им снема залиха“, изјави Басурин за ТВ каналот „Русија 24“, пренесува РИА Новости.
Според него, украинските војници кои го положиле оружјето признаваат дека им снемала муниција и затоа се предаваат.