Само три филма прикажани лани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово минатата година биле прикажани само три филмови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Два од прикажаните филмови биле домашни, а еден од странска продукција.

Кумановци повеќе биле заинтересирани за странските проекции. Така двата домашни филмови заедно ги погледнале 694 гледачи, додека на едниот странски филм имало 1.450 посетители.

Само едно кино постои за околу 100.000 граѓани во Куманово, во МКЦ „Козјак“, кое располага со 265 седишта. Деновиве се прикажуваат германски филмови од „Фестивалот на нов германски филм“, меѓутоа истиот не привлекува премногу публика.

Високобуџетните и нови филмски премиери за Куманово се енигма, па наместо во својот град, огромен број кумановци филмови гледаат во Скопје, односно во Општина Карпош, која важи за рекоредер со 643 прикажани филмови и 359.468 гледачи минатата година.

Leave a Reply