Salt Bae – 10 работи што не сте ги знаеле за светски познатиот готвач!

Сподели со своите пријатели

Познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат на социјалните мрежи како Salt Bae, се појави во 2017 година и до ден денес бележи неверојатни успеси.

Loading...

Освен што поседува синџир ресторани, повеќето луѓе не знаат многу за него, и покрај неговата голема популарност.

Нусрет потекнува од Источна Анадолија, а татко му се занимавал со рударство. На 10-годишна возраст го напуштил училиштето затоа што бил принуден да работи за да го издржува семејството, а неговата прва работа била во ресторан во областа Кадикој во Истанбул.

Тој стана популарен откако на интернет почна да кружи фотографија од неговата препознатлива и уникатна техника за зачинување на месо, а набрзо таа беше наречена Salt Bae.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

Во продолжение ви пренесуваме десет работи кои сигурно не сте ги знаеле за овој одличен готвач.

Loading...

Неговиот работен ден трае 18 часа

Нусрет навистина има неверојатна работна етика. Работи 18 часа дневно и не зема годишен одмор, изјавил во едно од ретките интервјуа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на овој град живеат на тони дијаманти и немаат намера да ги ископуваат!

 

Тој е многу среќен што и помага на заедницата

Благодарение на својот успех и можностите што ги изгради, Солт Бае се занимава и со хуманитарна работа, односно помагање на оние на кои им е потребна помош.

Тој изградил училиште во својот роден град Ерзурум, а минатата година собрал 60.000 долари за жртвите од експлозијата во Бејрут.

 

Почетокот на кариерата го врзува за месарница

Гокче ја започнал својата кариера како месар, а за време на интервју за GQ рече: „Ми требаше работа за да му помогнам на моето семејство во Турција. Така станав месар. И ми се допадна. Па еве сме“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Loading...

 

Обвинет за земање бакшиш од вработени

Има луѓе кои немале пријатни искуства со овој одличен готвач, затоа што наводно дел од нивните бакшишу ги земал и Salt Bae. Нусрет рече дека вработените ги изнеле овие наводи бидејќи не биле задоволни што тој ги отпуштил.

 

Работел бесплатно во некои ресторани

На почетокот на неговата кариера бил подготвен да учи и да направи се што е потребно за да го стекне потребното искуство. Така тој патувал во различни земји и барал бесплатно да работи во одредени ресторани, за дополнително да го усовршува својот занает.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриен нов вид змија: Лесно се наоѓа во дивината, а многу е агресивна

 

  1. Активен е и сака да вежба

Со оглед на тоа што работи 18 часа на ден, наоѓа време да биде максимално активен, а воедно се грижи и за исхраната.

„Преферирам бокс и тренинзи со тегови бидејќи ми ја даваат дефиницијата и суштинската сила што ги сакам. Морам да бидам брз во кујната, а најдобрите работи што ги правам се јажиња за скокање, бидејќи тие ми ги стимулираат мускулите, тие ми помагаат да ја задржам брзината “, рече Солт Бае.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

На Инстаграм има повеќе од 40 милиони следбеници

Кога првпат стана вирален во 2017 година, не можел да сонува да стане познат ширум светот. На социјалната мрежа Инстаграм го следат многу познати личности, а неговата популарност од ден на ден расте.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сите сме неандерталци, но научниците открија дека еден дел мистериозно ни недостасува

 

Уникатната техника на зачинување не е случајна

Многу следбеници се запрашаа од каде е препознатливата и единствена техника за зачинување на месо.

„Сакав да изгледа како сол да доаѓа од небото. Тоа беше мојот златен допир”, изјави Солт Бае за New York Post.

Loading...

 

Не избегнува да се фотографира со обожавателите

Со оглед на тоа дека живееме во време на глобализација и социјални мрежи, интернетот му овозможи на Нусрет бројни фанови. Често луѓето му приоѓаат дури и кога не е на случајно место и прашуваат дали е расположен да се фотографира со нив.

Одличниот готвач со гордост им кажува „да“ на сите оние кои сакаат да се фотографираат со него.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Loading...

 

Salt Bae е пребирлив

За своите ресторани избира посебно месо и го третира со голема љубов. Секогаш бара совршени парчиња месо, а понекогаш зема само 100 килограми месо од добавувачот на понудените 5 тони, изјавил менаџерот на неговиот ресторан.