САД во сабота ќе гласаат за законот за воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, денеска најави дека во сабота, на 20 април, ќе стави на гласање голем број нацрт-закони, вклучувајќи го и предлогот за обновување на долго одложуваната американска воена помош за Украина.

Loading...

„Очекуваме гласањето за конечното усвојување на овие нацрт-закони да биде во сабота навечер“, рече републиканскиот лидер во Претставничкиот дом, пренесе АФП на платформата X.

Во понеделникот, претседателот на Претставничкиот дом на САД ги претстави посебните планови за помош на САД за Украина, Израел и Тајван.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во вторникот изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се противи на потенцијалниот предлог на републиканците да им дадат помош на Израел и Украина во два одвоени пакети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русин осуден во Калифорнија на 12 години затвор за финансирање терористи